Дома Здравје Еве како да консумирате маслиново масло за да го подобрите неговото дејство

Еве како да консумирате маслиново масло за да го подобрите неговото дејство

810
0

Претходно се сметаше дека црвеното вино има поголем ефект врз долговечноста, но новите откритија за маслиновото масло покажуваат поинаку. Научниците од Универзитетот во Минесота дојдоа до откритие што може да значи дека маслиновото масло е клучот за долговечноста и лек за болести поврзани со стареењето.

Резултатите од студијата која траеше осум години беа објавени во списанието Molecular Cell.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека мастите во маслиновото масло, исто така, уште поефикасно ги активираат овие механизми. Но, не е доволно само да консумираме масло, туку важно е и времето во кое го правиме тоа.

Ефектот на маслиновото масло е најголем кога се комбинира со пост, рестрикција на калории и вежбање.

„Откривме дека начинот на кој мастите од маслиновото масло функционираат така што прво се складираат во капки липиди, а потоа се разградуваат за време на вежбање или пост, со позитивни ефекти врз здравјето и долговечноста“, објаснува водачот на студијата, д-р Даг Машек.

„Сакаме да ја разбереме биологијата и потоа да ја примениме на луѓето. Се надеваме дека ќе го смениме пристапот кон лекувањето и наместо да третираме осум различни нарушувања, да третираме едно.

„Сите овие болести се поврзани со стареењето, па ајде да го третираме стареењето“, заклучува тој.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име