Дома Здравје Еве зошто е добро да земаме цинк кога сме настинати

Еве зошто е добро да земаме цинк кога сме настинати

842
0

Цинкот е минерал неопходен за нашето тело. Го зајакнува имунитетот и многу брзо не’ враќа од мртвите. Настинката е најчеста причина за отсутност од работа или училиште.

Иако не постои специфичен лек за настинката, неколку студии покажаа дека цинкот значително го забрзува заздравувањето. Го скратува времетраењето на настинките за дури 40 отсто, пишува Npr

Студијата објавена во British Journal of Clinical Phamracology покажа дека 75 милиграми цинк дневно, во моментот кога имаме настинка, ја скратува настинката за околу три дена и ги ублажува симптомите. Најефективната компонента на цинкот е цинк ацетат.

Освен што делува при настинки, цинкот го зголемува либидото и плодноста кај мажите и ги решава проблемите со ерекцијата. Исто така, има добар ефект врз кожата и го ублажува оштетувањето на клетките предизвикано од оксидативниот стрес.

Недостатокот на цинк може да се компензира и преку исхрана. Богат е со морска храна, особено со остриги. Го има и во живината и црвеното месо.

До 1970-тите, не беше познато дека е еден од клучните минерали за луѓето.

Благодарение на д-р Ананада Прасади, тоа се промени. Тој откри дека цинкот има силно влијание на имунитетот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име