Дома Health Еве во кои ситуации треба да побарате мислење од друг лекар

Еве во кои ситуации треба да побарате мислење од друг лекар

202
0

Еве во кои ситуации треба да побарате мислење од друг лекар
Понекогаш е неопходно да разговарате за состојбата што ве мачи со друг лекар


Според клиниката Мајо, овој потег може да го намали ризикот од погрешна дијагноза за 50 проценти. Тие наведуваат и дека нивната студија покажала дека секој петти пациент слуша поинаква дијагноза кога бара второ мислење.

КАРДИОЛОГОТ ОТКРИВА КОГА ТРЕБА ИТНО ДА ОДИТЕ НА ЛЕКАР! Доколку го забележите овој симптом додека лежите на грб, вашето срце не е во ред

Еве во кои ситуации е препорачливо да посетите друг лекар за да слушнете ново мислење.

  1. Ситуацијата не се подобрува

Вашиот лекар ви дал различни лекови, но вашата состојба не се подобрува или се влошува, но вашиот лекар не побарал дополнителни испитувања за да размисли за други третмани. Според д-р Кристофер Холингсворт, хирург од Њујорк, ова може да биде ситуација во која можеби ќе сакате да посетите друг лекар. Може да има неоткриена состојба што предизвикува проблеми. Тој наведува и дека истото важи и за ситуацијата кога се уште чувствувате болка по некоја процедура, пренесува Ординација .

  1. Ви е дијагностицирана ретка болест

Постојат околу 7.000 ретки болести кои влијаат на околу 30 милиони луѓе само во Америка, а студиите покажуваат дека овие состојби често се погрешно дијагностицирани. Студија од 2014 година покажа дека луѓето со ретки болести посетуваат во просек 7,3 лекари и чекаат во просек пет години по почетокот на симптомите за да добијат соодветна дијагноза.

Според д-р Карла Робинсон, второто мислење на лекарот е секогаш добредојдено доколку имате ретка болест, бидејќи некои од нив се уште не се доволно истражени, а бидејќи лекарот ретко се среќава со нив, можеби е потешко да ги препознае симптомите.

  1. Ќе одиш на операција

Доколку се работи за ризична процедура, како што е трансплантација на органи, операција на мозок или срце, како и операција на дебелото црево, радиологот Бен Пакстон смета дека е мудро да се побара второ мислење. Бидејќи овие постапки се сериозни и опасни, имањето неколку мислења од различни експерти може да ви помогне да донесете одлука.

  1. Страдате од хронична болка

Дијагностицирањето и лекувањето на хронична болка може да одземе време и комплицирано, вели Пакстон. Хроничната болка може да има негативно влијание врз животот, а доколку не помине, добро е да побарате мислење од втор лекар. „Важно е да се истражат сите опции за третман пред да се посветите на која било долготрајна терапија“, додава Пакстон.

  1. Вашата дијагноза бара мислење од лекар специјалист

Сите лекари се добро запознаени со здравјето на луѓето и разни болести, но некои состојби бараат грижа од специјалисти како што се кардиолози, ендокринолози или гастроентеролози кои знаат многу повеќе за одредена област и подобро ќе ја разберат вашата состојба и како да ја третирате. „Лекарот за итни случаи може да советува операција како решение за дислокација на рамото, но ортопед кој е специјализиран за проблеми со рамото може да има поинакво мислење“, објаснува Робинсон.

Претходна објаваБРЗИ И ЗДРАВИ Печурки под пареа зачинети со копар
Следна објаваВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ 2023: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име