Дома Your Chef Домашни ишлери со лешник и чоколадо: Рецепт за колачиња кои се топат...

Домашни ишлери со лешник и чоколадо: Рецепт за колачиња кои се топат во уста

323
0

Домашни ишлери со лешник и чоколадо: Рецепт за колачиња кои се топат во уста

Чоколадните колачи отсекогаш заземале важно место на трпезите во домовите насекаде.

Подготовката на овие колачиња не е толку едноставна. Бисквитот не смее да биде премногу мек, ниту премногу печен, филот може да протече ако не е добро сварен, а потоа изматен, поради што проверениот рецепт за Ишлер вреди злато.

Компоненти:
3 јајца
300 гр путер
120 гр печени лешници
200 гр брашно
150 гр чоколадо за готвење
100 гр шеќер во прав
120 гр обичен шеќер

Подготовка:
Во сад ставете 100 грама шеќер во прав и 180 грама путер кој претходно бил на собна температура. Убаво се мати со миксер, па се додава една жолчка и се продолжува со матење додека убаво не се соединат состојките. Во смесата додадете 100 грама печени мелени лешници , па брашното и замесете тесто.

Покријте го тестото Ишлер со фолија и оставете го да одмори. Нема да погрешите ако тестото стои преку ноќ во фрижидер.

На пареа искршете две цели јајца, додадете 120 грама шеќер и изматете, па додадете 75 грама искршена темна чоколада и ставете на шпорет да се варат. Филот е готов кога ќе ја поминете лажицата по дното на садот во кој се готви филот и остава трага.

Потоа тргнете ја тавата со филот од шпоретот, веднаш додајте го путерот и изматете, па оставете го убаво да се излади преку ноќ.

Не грижете се дали филот од Ишлер ќе почне да тече бидејќи го ставате путерот во врелиот фил – тој всушност ќе добие свиленкаста текстура кога ќе отстои преку ноќ и ќе биде совршен за спојување со Ишлерот.

Тестото префрлете го на набрашнета работна површина, расукајте го со сукало, па со шолја или калап извадете медалјони и наредете ги во тавче кое претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете ги во рерна на 180 степени додека не добијат нежна кафена боја. Внимавајте да не ги препечете, бидејќи тестото за бисквити е многу нежно.

Кога бисквитот ќе се олади, изладениот фил префрлете го во кеса за цевки и исцедете мала количина на едниот медалјон, па преклопете го врз другиот. На овој начин ги трошите сите бисквити и филот.

Во тавче растопете ги преостанатите 75 грама чоколадо за готвење, додадете малку масло за глазурата да стане посјајна, а потоа врвот на секој Ишлер потопете го во растопената чоколада и оставете да отстои додека не се стврдне глазурата.

Претходна објаваДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА ВТОРНИК 23 МАЈ! Лавовите чекаат ЉУБОВНО ЛАДЕЊЕ, а еве кој има ПРОБЛЕМИ СО ПАРИТЕ
Следна објаваВашата крвна група открива на кои болести сте склони

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име