Тајната е во една состојка…. Тоа е матеницата која го дава вкусот и мирисот на поодамнешните пекарници.
Состојки: 250 гр обично брашно, 250 гр интегрално брашно, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка сол, 420 мл матеница.
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Во поголем сад измешајте ги двата вида брашно, сода бикарбоната и солта.Додадете матеница и измешајте со процесор за храна додека не добиете лепливо тесто. Работната површина посипете ја со брашно и префрлете го тестото.
- Нежно виткајте го и свиткајте го тестото со раце за да се соединат сите состојки. Не го месете предолго тестото. Обликувајте ја во форма на топка и малку израмнете ја со раката. Врвот се сече длабоко со нож за да се подели лебот на четвртинки. Посипете го со брашно.
- Префрлете го во плех обложен со хартија за печење и печете половина час, додека не добие златно-кафеава боја. Оставете го да се излади на решетка.