Силен мирис во урината може да биде предизвикан од шеќер и кетони во урината.
Урологот предупредува на опасност од мозочен удар, срцеви и бубрежни заболувања…
Смрдливата урина обично не е причина за загриженост, а најчесто тоа се должи на она што го консумираме. Но, многу експерти предупредуваат дека тоа може да биде знак за тивок убиец, се разбира, само ако вашата урина подолго време продолжи да мириса малку чудно.
Еден од експертите е докторката по урологија Ејми Крамбек, која за The Sun изјави дека ако имате повеќе шеќер во урината, тоа може да биде знак за неконтролиран дијабетес. Ова е честа состојба поради која нивото на шеќер во крвта е превисоко, вели Националната здравствена служба на Велика Британија.
Крамбрек објасни дека силен мирис во урината може да биде предизвикан од шеќер и кетони во урината, кои вообичаено не се присутни.
Доколку урината ви изгледа чудно, а во исто време чувствувате болка и печење при мокрењето, совет е веднаш да одите на лекар.