Дома Здравје Доколку ве обзема ладна пот, итно контактирајте го својот лекар

Доколку ве обзема ладна пот, итно контактирајте го својот лекар

547
0

Еве зошто?
Ладната пот во комбинација со температурата укажува дека е неопходно итно да се посети лекар.

Според експертите, потењето може да значи две работи: интоксикација (труење) или внатрешно прегревање.

Во првиот случај потта е обично ладна, во вториот потопла и ниту една од овие манифестации не е безопасна.

Кога потта е ладна, мора да внимавате на белите дробови, бидејќи тоа може да биде воспалителен процес или влошување на некоја хронична болест. Тогаш потребно е веднаш да се измери температурата, а доколку е покачена потребно е да се консултира лекар. Ова е лош показател, знак дека телото се бори со болеста – предупредуваат лекарите.

Експертите забележуваат и дека ако „исфрлите“ огромни количини ладна пот, тоа укажува на хиперхидроза, што укажува дека вирусот го нападнал вашето тело и дека се бори. Тогаш е многу важно да се консултирате со лекар кој ќе ви предложи понатамошни чекори.

Прекумерното потење може да укаже на други заболувања и посложени болести.

Прекумерното потење е болест и најчесто е проблем во ендокриниот систем. Најчесто може да биде придружена со тахикардија, поради што многумина бараат помош од кардиолог, но всушност проблемот е повеќе ендокринолошки – предупредуваат лекарите.

Извор:Kurir

Претходна објаваПиете кафе за да се разбудите: Има еден многу, многу подобар пијалок
Следна објаваСочни ќофтиња во беџарски сос! (рецепт)

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име