Дома Психолошки совети Докажано е дека ова хоби најдобро го намалува стресот…

Докажано е дека ова хоби најдобро го намалува стресот…

649
0

Лекарите го препорачуваат како терапија број 1!

Со ова хоби, стресот исчезнува за момент.

Боењето не е само за деца, туку и за возрасни, го намалува стресот, го намалува лошото расположение и ја поттикнува креативноста, докажаа бројни студии. Боењето е на исто ниво со медитацијата, а поради неговите позитивни ефекти, многу лекари го препорачуваат како форма на терапија.

Оваа техника помага да се фокусирате на сегашниот момент и да се оддалечите од проблемите што ве вознемируваат. Студија објавена во списанието „Уметноста на психотерапијата“, ги опишува искуствата на 200 испитаници кои биле хоспитализирани и чекале спроведување на операција.

Истражувачите откриле дека сите забележале пониско ниво на стрес и вознемиреност, како и подобрување на расположението, по 50-минутна терапија со боење.

Благодарение на движењата што се повторуваат, мозочните клетки се релаксираат, а употребата на одредени бои влијае на нервниот систем. Сината и зелената релаксираат, додека црвената, портокаловата и жолтата го зголемуваат нивото на енергија и мотивација.

Боењето ги одмара очите.

Кога ја заменувате осветленоста на екранот на таблет, компјутер или телефон со книга за боење само еден час, тензијата во очите се намалува, а кај некои испитаници е забележано намалување на темните кругови и подочњаците. Ова хоби исто така го подобрува квалитетот на спиењето, велат лекарите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име