Дома Живот Дознајте како хормоните влијаат на вашето тело

Дознајте како хормоните влијаат на вашето тело

1056
0

Хормоните, како „гласници“ во телото, пренесуваат пораки од една во друга клетка преку посебен облик на хемиско дејство, а со тоа влијаат на однесувањето, апетитот, сексуалната желба и многу повеќе. Проверете ја листата на работи кои можат да влијаат на вашето ментално и психолошко здравје.

Ненаситна глад за масна храна и слатки

Научниците открија зошто луѓето копнеат за храна дури и кога се сити. Студијата покажа дека хормонот на глад произведен од нашето тело го поттикнува мозокот да размислува за висококалорична храна, без оглед на тоа колку сме јаделе до тој момент.

Премногу стрес

Јасно е дека нивото на хормонот кортизол се намалува во текот на ноќта, што ни помага да заспиеме. За време на ПМС истиот хормон со неговото зголемување предизвикува нервоза и несоница.

Ефект врз расположението

Нашето добро или лошо расположение е под контрола на ендорфините, но и резултат на постојаните промени во нивото на естроген, прогестерон и адреналин. Премногу од секој од овие три хормони може да предизвика депресија и промени во расположението, кои се најчестите симптоми на ПМС.

Што се однесува до расположението и хормоните, помогнете си – вежбањето ослободува ендорфини, односно енкефалини, кои придонесуваат за добро расположение. А докажано е дека редовното вежбање го ублажува и ПМС.

Желба за сексуален однос

Според студијата објавена минатиот месец, нивото на естроген и прогестерон може да ја одреди нивната сексуална мотивација. Естрогенот ја зголемува сексуалната желба кај жените, а прогестеронот ја намалува.

Влијанието на хормоните врз изгледот

Хормоните како тироксин, естроген, тестостерон и прогестерон можат да го направат или да го нарушат нашиот изглед. Нарушената хармонија може да предизвика појава на акни, влакна на лицето и опаѓање на косата. Мозолчињата пред менструацијата се знак за хормонална нерамнотежа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име