ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА ЧЕТВРТОК 9 МАРТ! Близнаците ќе направат се за да ги постигнат деловните цели, а Бикот ќе наиде на пречки во кариерата
Денес ќе биде возбудлив ден за повеќето хороскопски знаци.
ОВЕН
ЉУБОВ: Влегувате во нова фаза. Ќе се чувствувате одлично и точно ќе знаете што да направите за да ја освоите личноста што ја сакате. РАБОТА: Ќе се разбудат ентузијазмот и вашето вродено претприемништво. ЗДРАВЈЕ: Добро.
БИК
ЉУБОВ: Можно е да се појават чувства кон некој од вашиот круг на пријатели , но вие ќе се двоумите да ги покажете. РАБОТА: Ќе наидете на некои пречки во кариерата. ЗДРАВЈЕ: Настинка.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Можно е да присуствувате на собир на кој ќе сретнете некој кој ќе ве привлече. РАБОТА: Ништо нема да ви биде тешко да направите за да ги остварите вашите планови. ЗДРАВЈЕ: Послабо.
РАК
ЉУБОВ: Имате променлива среќа во љубовта , па затоа треба да внимавате работите да не тргнат надолу. РАБОТА: Успех во банкарството и манипулација со туѓи пари. ЗДРАВЈЕ: Добро.
ЛАВ
ЉУБОВ: Денеска ќе имате можност да бидете во контакт со многу нови луѓе, што може да биде од корист доколку барате љубов. РАБОТА: Можно е да имате проблем во работниот процес. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Можеби вашето незадоволство ќе излезе на површина и ќе ви ја расипе врската. РАБОТА: Ќе бидете полни со енергија и идеи, особено оние поврзани со приватното претприемништво. ЗДРАВЈЕ: Настинка.
ВАГА
ЉУБОВ: Може да дојде до ескалација на проблемите во врската, бидејќи личноста со која сте ќе биде самоволна. РАБОТА: Можеби имате административни проблеми. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со кожата.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Нема да имате преголема среќа во љубовта, но не грижете се бидејќи наскоро ќе излезете од оваа фаза. РАБОТА: Ќе бидете комуникативни и елоквентни, што може да биде предност. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Денес ќе имате многу контакти со луѓе, што секогаш може да доведе до неформална врска. РАБОТА: Мали промени на подобро. Парите ќе ги трошите импулсивно. ЗДРАВЈЕ: Болки во грлото .
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Ќе бидете расположени за дружење и истражување на опции. БИЗНИС: Малку неповолен ден за финансиите, бидејќи можни се загуба и непланирани трошоци, но во исто време и помала добивка. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Можно е конечно да имате можности за љубов, или барем за флерт. Влегувате во малку поповолен период. РАБОТА: Ви недостига енергија и прилично сте оптоварени со обврски. ЗДРАВЈЕ: Слабо.
РИБИ
ЉУБОВ: Ќе почувствувате потреба да се вратите во минатото со мислите, а можеби ќе заживеат чувствата кон некој од минатото. РАБОТА: Ќе имате проблеми доколку се занимавате со приватен бизнис. ЗДРАВЈЕ: Променливо.