ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА ЧЕТВРТОК 6 АПРИЛ! Вагите пред можност за краткотрајна врска, Водолијата за промена на работното место!
Секој хороскопски знак ќе има нешто интересно денес, но особено на љубовно поле.
Еве што може да очекува секој хороскопски знак :
ОВЕН
ЉУБОВ: Добра комуникација со сите, особено со личноста која ви се допаѓа. РАБОТА: Можно е погрешно инвестирање на средства. ЗДРАВЈЕ: Нервен стомак.
БИК
ЉУБОВ: Во овој период вашата привлечност е особено впечатлива, поради што ќе имате повеќе можности за љубов. РАБОТА: Доколку очекувате да се стабилизира ситуацијата, тоа може да се случи уште денес. ЗДРАВЈЕ: Синузитис.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Не можете да се надевате на стабилност, иако сигурно ќе имате некои искуства. РАБОТА: Ако се занимавате со уметност, вашата работа ќе биде толку необична што малкумина ќе ја ценат. ЗДРАВЈЕ: Променливо.
РАК
ЉУБОВ: Во љубовниот живот ви се случуваат вознемирувачки промени, а не сте љубител на изненадувања и промени. БИЗНИС: Ова е добар ден за се што е поврзано со приватен бизнис. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
ЛАВ
ЉУБОВ: Партнерот може да се разочара кога ќе сфати дека и вие сте обична личност. Пореална презентација би го избегнала тоа. РАБОТА: Се менува доколку работите во недвижен имот. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Ќе имате проблеми бидејќи можно е ниту вие ниту партнерот да не бидете многу верни. РАБОТА: Можеби ќе добиете можност да работите во областа на образованието. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
ВАГА
ЉУБОВ: Многу е поверојатно да имате можност да имате краткотрајна врска отколку да влезете во стабилна врска. РАБОТА: Финансиски загуби поради невнимание и преземање ризик. ЗДРАВЈЕ: Променливо.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Можно е да се вратите кај некој со кој сте биле романтично поврзани во минатото. БИЗНИС: Ќе имате различни идеи за приватен бизнис, но сега не е добар момент за тоа. ЗДРАВЈЕ: Слабо.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Можеби ви се допаѓа некој кој се занимава со опасна професија или екстремен спорт. РАБОТА: Искористете го креативниот потенцијал, но не шпекулирајте премногу. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Врската ќе ви биде во криза поради промена на животните околности или однесувањето на партнерот. РАБОТА: Можно е да работите на црно или пак да се вратите на старото работно место. ЗДРАВЈЕ: Чувствителни.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Ќе запознаете луѓе кои ќе ви се допаднат, но нема да имате реални можности за љубов. РАБОТА: Можеби ќе ја промените работата која веќе некое време ве кочи и ве прави несреќни. ЗДРАВЈЕ: Повреди.
РИБИ
ЉУБОВ: Може да ви се допадне некој што е недостапен или кој е премногу познат и успешен за да биде пристаплив. РАБОТА: Можен е одреден напредок, не премногу. ЗДРАВЈЕ: Габични инфекции.