ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА ПОНЕДЕЛНИК 27 МАРТ! Вагите во неволја со колегите, Биковите со бурен љубовен живот!
Еве што може да очекува секој хороскопски знак :
ОВЕН
ЉУБОВ: Ќе бидете подготвени да се забавувате и ќе ви биде очигледна страста што ќе привлече многумина. БИЗНИС: Успех и профит од бизнисот поврзан со трговија и транспорт. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
БИК
ЉУБОВ: Љубовниот живот ќе ви биде турбулентен и можно е да ја нарушите околината со своето однесување како последица на сето ова. РАБОТА: Проблеми во логистика и администрација. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Расположени сте за љубов, но личноста која ви се допаѓа можеби не е подготвена за врска. РАБОТА: Ќе има позитивни промени и настани, особено ако се занимавате со уметност. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
РАК
ЉУБОВ: Подобрата комуникација со партнерот ќе ви помогне да го решите проблемот во врската. РАБОТА: Периодот е поволен за финансии и денес можете да добиете пари. ЗДРАВЈЕ: Многу добро.
ЛАВ
ЉУБОВ: Во овој период многу ќе се дружите и затоа ќе ви биде лесно да најдете љубов. РАБОТА: Се чини дека ништо важно нема да се случи во оваа сфера. ЗДРАВЈЕ: Многу добро.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Ништо и никој нема да може да ги исполни вашите очекувања, поради што ќе имате впечаток дека нема добри можности. РАБОТА: Одличен ден за сите оние кои се занимаваат со јавни занимања. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
ВАГА
ЉУБОВ: Обидете се да поминувате повеќе време со партнерот, бидејќи ова е особено поволен ден за љубов. РАБОТА: Можно е да имате мали проблеми со колегите. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Денеска лесно ќе можете да воспоставите блискост со другите и ќе имате можност да запознаете некои фантастични луѓе. РАБОТА: Ништо ново нема да се случи во однос на кариерата. ЗДРАВЈЕ: Синузитис.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Ќе ви се допадне некој кој е далеку, кој ќе го сретнете на пат или кој е странец. Ќе бидете многу оптимисти за иднината. РАБОТА: Можни се грешки поради пад на концентрацијата. ЗДРАВЈЕ: Добро.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Љубовниот живот нема да ви биде најважен, но ако веќе сте во брак, ќе уживате во семејната атмосфера. РАБОТА: Денеска не е лош момент за ризични потези. ЗДРАВЈЕ: Земете суплементи.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Ќе имате можност да запознаете двајца помлади кои ќе ве заинтригираат. РАБОТА: Можен престанок на работниот однос. Во најмала рака, ќе сакате да најдете нова работа. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
РИБИ
ЉУБОВ: Ситуацијата во љубовниот живот ќе стагнира бидејќи ќе бидете преокупирани со други работи. РАБОТА: Нема промени во оваа сфера од животот. ЗДРАВЈЕ: Психосоматски поплаки.