ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА ВТОРНИК 28 МАРТ! Близнаците со преголеми очекувања во љубовта, Стрелците имаат назадување во бизнисот!
Секој хороскопски знак ќе има интересни случувања на љубовно поле, но сепак најмногу треба да внимавате на здравјето.
Еве што може да очекува секој хороскопски знак :
ОВЕН
ЉУБОВ: Во вашиот љубовен живот во моментов се случува премногу, премногу луѓе и можности. РАБОТА: Можно доцнење на некои средства што очекувате да ги добиете. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
БИК
ЉУБОВ: Љубовта лесно ви доаѓа во овој период. Можеби ќе ви се допадне некој со кој работите. РАБОТА: Без важни случувања во оваа сфера, продолжува истиот тренд. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Можно е да сфатите дека во љубовта не можете да добиете се што сакате, бидејќи вашите очекувања се преголеми. РАБОТА: Проблеми со технологијата на работното место. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
РАК
ЉУБОВ: Ќе бидете многу сентиментални и склони кон мечтаење, поради што веројатно ништо конкретно нема да се случи. БИЗНИС: Погрешни инвестиции или ќе бидете преблаги кога се парите во прашање. ЗДРАВЈЕ: Гастритис.
ЛАВ
ЉУБОВ: Проблеми во врската поради недостаток на ентузијазам кога е љубовта во прашање. РАБОТА: Голема енергија и нагон, за што ќе бидете наградени. ЗДРАВЈЕ: Добро.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Можна врска со некој кој е значително постар од вас. РАБОТА: Ќе правите нешто што вклучува шпекулации и креативност. ЗДРАВЈЕ: Послабо.
ВАГА
ЉУБОВ: Промени и одредени проблеми поради деструктивната комуникација во врската. РАБОТА: Може да имате проблеми доколку имате семеен бизнис, а финансиите ќе бидат нестабилни. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со кожата.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Ќе остварите контакт со некого на социјалните мрежи во обид да пронајдете љубов. РАБОТА: Поволен ден за долгорочни планови и за оние кои работат во областа на логистиката. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Иако ситуацијата не е стабилна, можни се некои позитивни случувања доколку сте слободни и барате љубов. РАБОТА: Во оваа сфера ќе доживеете стагнација или мала криза. ЗДРАВЈЕ: Габични инфекции.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Можна е малку нефункционална врска со некој од вашиот круг на пријатели. РАБОТА: Вашите напори ќе бидат наградени, но премногу работа може да предизвика заситеност. ЗДРАВЈЕ: Повреди.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Може да најдете љубов, особено ако излезете на некој настан. РАБОТА: Деловната ситуација донекаде ќе се подобри. Може да се случи нешто позитивно. ЗДРАВЈЕ: Солидно.
РИБИ
ЉУБОВ: Можно е да ви се допадне некој кој не е компатибилен со вас. РАБОТА: Одличен ден за работа, бидејќи вашите способности ќе бидат на високо ниво и никој нема да ви биде рамен. ЗДРАВЈЕ: Добро.