Депилација: Природен рецепт за отстранување на влакна
Лесно се прави и нанесува
Многу жени имаат проблем со влакната на пазувите, особено кога доаѓа топло време. Потоа треба да се бричат секој ден, бидејќи блузите и кошулите без ракави не ни дозволуваат да чекаме еден месец за добро да пораснат влакната пред депилација.
Ласерското отстранување е се почест избор за жените, но дамите кои сè уште не се породиле не треба да се подложат на овој третман. Затоа свртете се кон природно решение – се што ви треба за да се ослободите од влакната на пазувите засекогаш се сок од лимон и шеќер. Рецептот ни доаѓа од Азија, каде речиси сите жени го користеле барем еднаш, а потребни се неколку третмани за целосно отстранување на влакната.
КОМПОНЕНТИ:
2 супени лажици сок од лимон
лажица шеќер.
Сè што треба да направите е да ги измешате овие две состојки и да ги нанесете на чиста кожа под пазуви. Оставете го да делува неколку минути, а потоа отстранете го со сува, памучна, чиста крпа. Немојте веднаш да одите под туш или да прскате дезодоранс, за лимонот да делува што подолго.