Дома Позитив на денот Денес се одбележуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев

Денес се одбележуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев

322
0

Четврти февруари е датумот на раѓање на еден од најголемите македонски дејци, Гоце Делчев, визионер, кој скоро пред век и половина го опиша светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја НО борба на македонскиот народ, тој ја обиколи цела Македонија.

Георги Николов Делчев е роден на 4 февруари, 1872 во Кукуш, Егејска Македонија како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви, која имала вкупно девет деца. Се школувал во Солун и на воената академија во Софија. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја Народно ослободителната борба на македонскиот народ, тој ја обиколил цела Македонија.
Останува запаметен по своите мисли:
“Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите”.
“Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија”.
“Ќе удри утринската зора и за нас.”
“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”
“Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови, изроди, како македонскиот”.
“Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.”
“Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.”
Предаден е и убиен 4 мај 1903 во селото Баница. Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Претходна објаваСпијте попладне, корисно е!
Следна објаваСветски ден за борба против ракот – 4 февруари

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име