Дома Позитив на денот Денес се одбележуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев

Денес се одбележуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев

604
0

Четврти февруари е датумот на раѓање на еден од најголемите македонски дејци, Гоце Делчев, визионер, кој скоро пред век и половина го опиша светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја НО борба на македонскиот народ, тој ја обиколи цела Македонија.

Георги Николов Делчев е роден на 4 февруари, 1872 во Кукуш, Егејска Македонија како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви, која имала вкупно девет деца. Се школувал во Солун и на воената академија во Софија. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја Народно ослободителната борба на македонскиот народ, тој ја обиколил цела Македонија.
Останува запаметен по своите мисли:
“Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите”.
“Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија”.
“Ќе удри утринската зора и за нас.”
“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”
“Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови, изроди, како македонскиот”.
“Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.”
“Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.”
Предаден е и убиен 4 мај 1903 во селото Баница. Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име