Дома Positive of the day Денес е Прочка – Побарајте прошка и проштевајте!

Денес е Прочка – Побарајте прошка и проштевајте!

472
0

Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.
Нека ни е за многу години празникот, со здравје да си го дочекаме Велигден.

Претходна објаваПетминутно брауни од микробранова печка – за мрзеливи…
Следна објаваЗапочнува Великиот пост – денес е Чист Понеделник…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име