Дома Позитив на денот Денес е Лазарева сабота…

Денес е Лазарева сабота…

708
0

Денес е Лазарева сабота, ден пред Цветници и осум дена до Христовото воскресение, ден кога Христос го воскреснал Лазар

Овој ден се обележува како сеќавањето на последното чудо на Исус Христос една недела пред неговото страдање, смрт и васкрснување.

Лазарева Сабота или Сабота на Св. Праведниот Лазар, воочи празникот Цветници, посветен е на воскреснувањето на Лазар од Витинија, кога Исус Христос после четиридневното престојување на Лазар во гробница го воскреснал од мртвите. Овој празник бил востановен во Ерусалим при крај на IV век. После воскреснувањето, Лазар станал Епископ во Кипар и оживеал уште 30 години проповедајќи го христијанството.
Воскреснувањето на Лазар ги налутило првосвештениците и како кажуваат евангелијата тоа било повод за одлуката на јудејската скупштина за погубувањето на Спасителот .

Денешниот празник ја симболизира победата на животот над смртта, а верниците го доживуваат како ветување за воскреснување на сите верници.

Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина…

За многу години!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име