Дома Позитив на денот Денес е Втор ден Велигден!

Денес е Втор ден Велигден!

689
0


Православните верници денеска (понеделник, 3 мај) го слават вториот ден од големиот христијански празник, посветен на Христовото Воскресение – Велигден. Празничниот ден се исполнува со посета на светите храмови и во кругот на семејството. Верниците си даруваат црвени јајца и со зборовите Христос Воскресе-Вистина Воскресе, даваат потврда во христијанската вера и вечниот живот.

Денес започнува таканаречената Света недела, која се смета за продолжение на Велигден.
Поради неделата на Свети Тома, седум дена по Велигден, се нарекува и Томина недела. На овој ден, небото се затвора. Сепак, вообичаената честитка е „Христос воскресе“, а одговорот е „Навистина воскресе“. Вака се поздравува 40 дена, сè до Спасовдан.

Славењата продолжуваат и денес и утре.
Денеска е државен празник и неработен ден за сите граѓани во земјава.
За многу години…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име