Дома Позитив на денот Денеска е Спасовден – Вознесение Христово

Денеска е Спасовден – Вознесение Христово

959
0


Спасовден, или празникот на Христовото вознесување на небото е четириесеттиот ден од Воскресението, Велигден.

Господ во текот на 40 дена по своето воскресение им се јавуваше на учениците, зборувајќи им за царството Божјо. И откако им заповеда да не го напуштаат Ерусалим, туку да го чекаат слегувањето на Светиот Дух, тој ги изведе своите ученици во Витанија, ги благослови и се вознесе на небото.

Додека учениците гледаа во облакот што го сокри Господа пред нивните очи, ангелите им објавија дека истиот Исус кој од нив се вознесе на небото пак ќе дојде на ист начин како што го видоа да се вознесува.

Во спомен на Христовото вознесение на небото христијанската црква го востановила празникот Вознесение Христово или Спасовден, затоа што се празнува денот на Спасителот на Светот. Празникот е подвижен и датумот зависи од Велигден, а секогаш се паѓа на ден четврток.

Именден денес слават: Спасе, Спасија, Спаска…

Овој празник се нарекува Спасовден затоа што во денот на Христовото вознесение се доврши делото на спасението.

За многу години!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име