Дома Живот Денеска е Велики Петок, најтешкиот празник во годината

Денеска е Велики Петок, најтешкиот празник во годината

765
0

Православните Христијани денеска го одбележуваат Велики петок. Се нарекува и Распет петок затоа што на денешен ден е распнат Исус Христос. Токму затоа е и најтешкиот ден/празник во годината. Велики петокосвен со принесување на т.н бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.

Според преданијата, Исус починал во шестиот час од денот, кога завесата на Ерусалимскиот храм се преполовила, сонцето се затемнило, мртвите станале од гробовите, а сите ѕвона се распукале.
Оттогаш не бијат дрвени ѕвона на Велики петок, камбаните не се огласуваат се до недела, кога за првпат ќе ја означат радоста за Христовото Воскресение.

На овој ден црквата предвидува строг пост, само со вода, а многу верници на Велики петок ништо не пијат, ниту јадат до зајдисонце.
Покрај постот, на денот на христијанската жалост, не се работи на поле, а ниту во домот. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име