Дома Твој готвач Декоративни кифлички од шунка полнети со сочен фил (РЕЦЕПТ)

Декоративни кифлички од шунка полнети со сочен фил (РЕЦЕПТ)

1043
0

Ви претставуваме едноставен рецепт за вкусно мезе кое многу убаво ќе изгледа на празничната трпеза денес…

Доколку сакате да внесете нешто ново на вашата празнична трпеза оваа година, задолжително пробајте ги овие вкусни кифлички од шунка со интересен вкус.

Компоненти:

2 компири
1 среден морков
3 супени лажици грашок
половина чаша сечкана шунка
половина главица кромид
1 јајце
3 кисели краставички
2 лажици кисела павлака
сол и бибер по желба

Подготовка

Излупете ги компирите и морковите, исечете ги на коцки, додадете го грашокот и сè сварете. Потоа исцедете ја водата и истурете ладна за побрзо да се излади и коцките да не се распаднат. Јајцето сварете го, па излупете го и исечкајте го, половина шолја шунка и краставичките на коцки, а кромидот исечкајте го многу ситно.

Сè измешајте, па додадете две лажици кисела павлака (по потреба и повеќе) и убаво измешајте. Додадете компири, грашок и моркови и добро измешајте.

Намачкајте ја шунката по работ на листовите од шунката и виткајте во ролат. Подврзете ги со гранчиња од магдонос.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име