Девојка на која и била дијагностицирана мултиплекс склероза на 24 години: Ги почувствувала овие симптоми
Нејзиниот живот целосно се промени пред три години
Анџелини Куберо (27) до пред три години живееше живот на сосема обична девојка. Меѓутоа, кога имала само 24 години, оваа девојка открила дека боледува од мултиплекс склероза (МС) и оттогаш нејзиниот свет целосно се променил.
Како што вели оваа девојка, дијагнозата била болна и траела со месеци.
- Отидов на лекар, на Итна помош, на специјалист, на друг специјалист и не добив никакви одговори. Тие би рекле: „Изгледаш добро. Не изгледаш болно. Сите твои тестови се нормални“. Единствено што ми кажаа е дека тоа е вознемиреност – вели Анѓелина, а пренесува Dailymail .
Во 2020 година, таа отиде на магнетна резонанца која покажа повеќе лезии во нејзиниот мозок – сигнализирајќи дека боледува од МС.
Анџелина сега сака да им ги открие на луѓето симптомите што ги почувствувала за да им помогне на луѓето навреме да го забележат проблемот и да одат на лекар.
Ова се симптомите кои ги почувствувала Анџелина:
- Мозочна магла
Дефинирано со ненадејни напади на конфузија, заборавеност, проблеми со концентрацијата и недостаток на ментална острина, мозочната магла е чест симптом на МС. Страдачите велат дека понекогаш можат да губат часови обидувајќи се да завршат едноставни задачи.
Тие, исто така, може да имаат проблем да запомнат едноставни детали за работите што тие штотуку ги направиле, како што е она што го имале за ручек.
Со текот на времето, оштетувањето се појавува во мозокот, а откривањето на оваа штета на скенирање обично е првиот сигнал до лекарот дека некој боледува од МС.
- Вкочанетост и пецкање во нозете
Пецкање и други сензации во нозете се меѓу најпознатите рани симптоми на МС. Како што миелинот што ги опкружува нервите во телото полека почнува да се распаѓа, нервите се оштетени.
Овие нерви се одговорни за пренос на информации од мозокот до остатокот од телото. Кога се оштетени, може да не испраќаат информации правилно. Ова доведува до горење или вкочанетост.
Иако тоа може да им се случи повремено на некои луѓе, на пример, по долго седење на нозе, лекарите предупредуваат дека секој кој често ги доживува овие сензации треба да побара лекарска помош.
- Мигрена
Честите мигрени се потенцијален симптом на МС. Лекарите не утврдиле точно зошто луѓето со МС добиваат главоболки. Претходните студии не успеаја да воспостават врска помеѓу мигрената и МС. Сепак, некои претпоставуваат дека болеста влијае на тоа како телото ги регулира хормоните.
Кога болеста ќе се разгори, како што велат лекарите, кога ќе почнат да се појавуваат нови симптоми на болеста или ќе се влошат старите, се почести се и мигрените.
Извор: Dailymail
Фото: Instagram/thelightoflina