Дома Здравје ДВЕ ТЕОРИИ: Зошто болат зглобовите и коските кога врне?

ДВЕ ТЕОРИИ: Зошто болат зглобовите и коските кога врне?

262
0

Температурите се повеќе опаѓаат, а тоа за некои луѓе значи и здравствени проблеми. Освен што се предизвикувач за настинки, атмосферските промени ја влошуваат болката во зглобовите и коските кај дел од населението. Причината зошто тоа се случува се уште не им е сосема јасна на лекарите.

Првата теорија е дека постои можност температурните промени поврзани со врнежите да генерираат промени во обвивката на сврзното ткиво наречена ‘рбет.

Според медицинскиот советник Лин Постон , „кога мускулите и зглобовите се ладат, течноста околу зглобовите и тетивите се згуснува, поради што чувствуваме вкочанетост“.

Друга теорија е дека болката се должи на падот на атмосферскиот притисок што се јавува кога се зголемува влажноста во воздухот.

Во последниве години, неколку студии укажаа дека факторите од надворешното опкружување влијаат на појавата на болки во зглобовите, но истражувачите од Харвард ја отфрлија таа поврзаност.

Сепак, таа останува тема која го буди интересот на научниците до таа мера што постои посебна наука која се занимава со тоа, наречена медицинска биометеорологија.

Претходна објаваОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД СТАРЧКИТЕ ДАМКИ: Шест природни препарати за пигментни дамки
Следна објаваНамирници кои ги зајакнуваат коските…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име