Дома Здравје Двете најсмртоносни бактерии се втора водечка причина за смртност во светот

Двете најсмртоносни бактерии се втора водечка причина за смртност во светот

221
0

Бактериските инфекции се втора водечка причина за смрт во светот по срцевите заболувања, според една голема студија објавена оваа недела, која ги именува Staphylococcus aureus (златен стафилокок) и пневмококусот како две најсмртоносни бактерии.

Студијата, чии резултати беа објавени во магазинот „Лансет“, избра триесетина бактерии, најчести причинители на инфекции и се обиде да процени колку смртни случаи се поврзани со нив.

Истражувањето е спроведено како дел од таканаречениот „глобален товар на болести“.

Во оваа голема истражувачка програма се вклучени неколку илјади истражувачи од бројни земји во светот.

Авторите заклучија дека „смртните случаи поврзани со проучуваните бактерии претставуваат втора водечка причина за смрт во светот“ по коронарната срцева болест, меѓу кои се издвојуваат срцевите удари.

Од 7,7 милиони смртни случаи поврзани со бактериски инфекции, еден од осум се припишува на ефектите од Staphylococcus aureus и пневмококната инфекција. Овие податоци датираат од 2019 година, пред пандемијата Ковид-19.

Од триесетте избрани бактерии, пет од нив предизвикуваат повеќе од половина од смртните случаи: стафилококус ауреус, ешерихија коли, пневмокок, клебселија пневмонијае и бацил пиоцијанин.

Staphylococcus aureus е „главна причина за смрт предизвикана од бактериска инфекција во 135 земји“, покажа студијата.

Но, кај децата на возраст под пет години, пневмококните инфекции се најсмртоносните.

Истражувачите велат дека овие резултати се јасен показател дека бактериските инфекции се приоритет на јавното здравје.

Затоа апелираат за превенција од инфекции, помудро препишување антибиотици, за избегнување отпорност на овие лекови, како и поефикасна употреба на вакцините.

Претходна објаваМагнетната резонанца покажа што прави мигрената со мозокот
Следна објаваПостојаните ладни раце може да укажуваат на здравствени проблеми

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име