Дали често ја грицкате усната без да сте свесни за тоа? Во 4 случаи може да биде знак за сериозни болести
Кога треба да се грижите?
Иако е лоша навика, гризењето на усните во повеќето случаи е безопасно.
Ова, често несвесно дејство, сепак, може да биде и сигнал дека има одредени здравствени проблеми.
Доколку забележите дека ги грицкате усните почесто од вообичаено, не е лошо да проверите дали зад оваа навика се крие здравствен проблем.
Експертите посочија дека постојат четири болести кои можат да се поврзат со гризењето на усните.
Артритис
Грицкањето на усните може да се појави поради нарушување на виличниот (темпоромандибуларен) зглоб. Едно од овие нарушувања е артритисот на вилицата. Во овој дел од лицето може да дојде до промена на обликот, воспаление, проблеми со нормално отворање и затворање.
Доколку, покрај гризењето на усните, при движењето на вилицата забележите тапа болка, чувствувате нејзино ограничување, како и главоболка или забоболка, голема е веројатноста да имате и артритис на вилицата.
Чкртањето заби
Бруксизмот, или чкртањето на забите, исто така може да придонесе за деформација на вилицата што доведува до ненамерно гризење на усните. Луѓето кои страдаат од бруксизам често несвесно ја стегаат вилицата навечер или за време на спиењето, често поради возбуда или кога се под стрес. Друг симптом на оваа болест е главоболка.
Малоклузија
Оваа болест се нарекува и неусогласена вилица. Лекарите објаснуваат дека ако вилицата не е „наместена“ правилно, личноста често ќе ја гризе усната. Ова се случува, на пример, кога горната и долната вилица не се со иста големина или има вишок заби, или кога недостасуваат или се со неправилна форма.
Анксиозност или депресија
Луѓето кои ги гризат усните често страдаат од анксиозност или депресија.