Дома Life Дали твоите образи се црвени? Еве зошто тоа се случува

Дали твоите образи се црвени? Еве зошто тоа се случува

546
0

Дали твоите образи се црвени? Еве зошто тоа се случува.

АКО ВАШИТЕ образи се често црвени, сигурно сте се запрашале која е причината за ваквата реакција на вашето лице. Новото откритие би можело да објасни зошто луѓето кои носат една варијанта на генот се повеќе склони кон црвенило на лицето. Имено, генската варијанта која предизвикува црвенило после пиење алкохол, исто така го зголемува воспалението и влијае на циркулацијата во телото.

Истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието Science Translational Medicine, комбинираше две различни студии спроведени на глувци со анализа на геномски податоци преземени од извори на Biobank во Јапонија и Велика Британија.

Ефектите на алкохолот врз здравјето на голем дел од човечката популација во голема мера се ублажуваат со дејството на ензимот ALDH2, кој го разложува алкохолот на помалку штетни компоненти. Прво, етанолот се претвора во соединение наречено ацеталдехид од ензимот наречен алкохол дехидрогеназа. Ацеталдехидот потоа брзо се разложува до ацетат со ALDH2.

Меѓутоа, за луѓето со варијанта на таканаречениот ген ALDH2*2, процесот не е толку едноставен. Нивниот ензим ALDH2 има значително намалена функција. Како резултат на тоа, токсичниот ацеталдехид останува во нивните тела многу подолго, предизвикувајќи полоши здравствени ефекти од самиот мамурлак.

Оваа варијанта е речиси отсутна во повеќето делови на светот, освен во Источна Азија, каде што е присутна кај околу една третина од луѓето.

„Луѓето кои пијат го имаат овој генотип, се изложени на зголемен ризик од рак, а исто така имаат и до 48 отсто поголем ризик од срцеви заболувања“, предупредуваат лекарите.

НАЈПОЗНАТИ РУСКИ ДОКТОР СОВЕТУВА: Еве како да изгубите 12 килограми за еден месец!

Тим предводен од Џозеф Ц. Ву, д-р, директор на Кардиоваскуларниот институт Стенфорд, ги анализираше геномите на 29.319 случаи на луѓе со срцеви заболувања.

Откако ја потврдија силната поврзаност помеѓу варијантата ALDH2*2 и срцевите заболувања, научниците се фокусираа на причините за деветте погодени субјекти. Тие забележале дека откако испиле само еден стандарден пијалок, испитаниците имале намалена функција на ендотелијалните клетки, што игра клучна улога во одредувањето на ризикот од заеднички тип на срцева болест, т.е. коронарна артериска болест.

Претходна објаваЗа промена: Кифлички со мелено месо
Следна објаваДали јајцата влијаат на зголемениот холестерол? Ендокринологот ја решава оваа вечна ДИЛЕМА!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име