Различни култури подразбираат различни навики, особено кога станува збор за јадење. Имено, во нашата традиција отсекогаш било присутно лебот да се прави од брашно, без разлика за каков вид брашно станува збор. Сепак, постојат делови од светот каде брашното не е најдобриот избор за леб. Еден таков рецепт се однесува на арапски леб со гриз, кој дефинитивно треба да го пробате. Она што ви треба за овој леб е следново: 500 гриз, 30 гр квасец, 2 лажици брашно, половина шолја маслиново масло, половина лажичка сол, 1 жолчка и вода.
Лебот се подготвува на следниот начин: Во длабок сад измешајте гриз, брашно и квасец измешани со малку вода, маслиново масло и сол. Потоа додадете вода и замесете тесто
Месете со силни удари околу десетина минути, па поделете на два или четири дела, во зависност од тоа колку сакате да бидат големи лебовите. Топчињата од тесто расукајте ги во тркалезни лепчиња и ставете ги во плех намачкан со масло, покријте го со крпа и оставете го на топло место.
Откако ќе нараснат се премачкува со жолчка измешана со малку вода или млеко и се пече во добро загреана рерна. Проверете дали е печен внатре со остар нож или чепкалка за заби. Можете и да ги превртите за рамномерно да се испечат. Печените лебчиња оставете ги малку да се изладат и послужете ги топли.