Дома Health ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ДЕКА КАФЕТО СО ДОДАВАЊЕ НА ЛИМОН ПОМАГА ЗА СЛАБЕЕЊЕ?...

ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ДЕКА КАФЕТО СО ДОДАВАЊЕ НА ЛИМОН ПОМАГА ЗА СЛАБЕЕЊЕ? Нутриционист открива која е ВИСТИНАТА

353
0

ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ДЕКА КАФЕТО СО ДОДАВАЊЕ НА ЛИМОН ПОМАГА ЗА СЛАБЕЕЊЕ? Нутриционист открива која е ВИСТИНАТА

Кафето во комбинација со лимон има многу здравствени придобивки. Неодамна е докажано дека помага при слабеење и ја штити кожата од сонцето.

Тренд кој е промовиран во последно време комбинира два омилени утрински пијалоци. Кафето во комбинација со лимон не делува примамливо, но корисниците на социјалната мрежа TikTok во последно време лудуваат по оваа комбинација.


Тие наведуваат дека кафето со додаден сок од лимон помага при слабеење, а слабеењето е брзо и загарантирано.

Одамна е познато дека кофеинот е одговорен за подобрување на различни аспекти на многу функции. Кофеинот, всушност, добро влијае на меморијата, концентрацијата и нивото на енергија. Добро делува и за забрзување на метаболизмот.

  • И кафето и лимонот се богати извори на антиоксиданси, но нема значајни докази кои сугерираат дека додавањето лимон во кафето може да влијае на согорувањето на мастите – истакнува нутриционистот Кристал Скот.


Таа додава дека постојат некои докази кои сугерираат дека кафето може да биде поврзано со намален ризик од развој на дијабетес тип 2, но дека се потребни дополнителни истражувања за да се докаже тоа. Кристал Скот наведува дека треба да се внимава со новиот тренд на пиење кафе со лимон.

– Луѓето кои се анксиозни или имаат висок крвен притисок треба да избегнуваат големи количини на кафе – заклучува нутриционистот

Претходна објаваДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА ЧЕТВРТОК 11 МАЈ! Одличен ден за Овен – ќе следи парична инфузија, а љубовта особено ќе цвета за овој знак!
Следна објаваПЕТ ЕДНОСТАВНИ ВЕЖБИ ЗА ВКОЧАНЕТ ВРАТ кои можете да ги правите дома!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име