Дома Психолошки совети Дали сте жртва на сопствениот ум? Еве 5 практични совети за справување...

Дали сте жртва на сопствениот ум? Еве 5 практични совети за справување со бескорисни мисли

984
0

Сите понекогаш „вртиме“ негативни мисли, но важно е да се држиме на дистанца од нив, да не ги сфаќаме како вистина и да не се идентификуваме на нас. Доколку сте од оние кои често се препуштаат на бескорисни мисли, ви носиме 5 совети како да се справите со нив!

Забележете ги – самото забележување на негативните мисли создава одредена дистанца од нив и ни дава можност да ги погледнеме критички.
Запомнете, ова се само мисли – не мора да се вистини. Тоа се мисли кои „ни паѓаат на памет“ во согласност со тоа како сме воспитани. Бидејќи тие се бескорисни, вреди да се преиспитаат последиците од размислувањето такви мисли. Дали овие мисли не водат во насока на животот што сакаме да го живееме, или обратно? Доколку нашите мисли нè водат спротивно од тоа како би сакале да живееме, односно поради нив добиваме нагон да правиме однесувања кои долгорочно ни се штетни, ние идентификувавме мисли кои би било добро да ги смириме.

Дајте си име – кога е секогаш толку љубезно и поддржувачко, би можела да се вика Драгица. Малку сме саркастични, но тоа е токму она што се бара – со тоа што ќе му дадете некое забавно име на вашиот ум, заземате одредена дистанца од неговата содржина. Сфаќате дека не сте вашиот ум, туку дека можете да го набљудувате и критички да го гледате.

Дајте ѝ име на приказната – ако забележите дека приказната се повторува во вашиот ум, како на пример: „Не можам да го направам тоа, не сум способен за тоа, не сум доволно добар“ – дајте и име, како на пр. „Приказна за животен неуспех“. Така полесно ќе ги забележите овие мисли кога ќе се појават и нема да дозволите да влијаат на вашето однесување.

Пејте ги вашите бескорисни мисли – во мелодијата на некоја позната песна, како што е „Среќен роденден за тебе“. Автоматски ќе добиете одредена дистанца од нив и ќе можете да постапите соодветно.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име