Дали инстант тестенините – нудлите навистина се НЕЗДРАВИ? Еве КОЈ треба да внимава
Едно истражување, објавено во списанието „Journal of Nutrition“, навистина дошло до одговор на ова прашање, бидејќи многумина биле во искушение да изедат порција тестенини кога немале време.
Се покажа дека составот на оваа храна не е добар за здравјето на луѓето, пред се затоа што содржи многу сол, тестенини од бело брашно, многу јаглехидрати, а посебен проблем се озлогласените транс масти, односно хидрогенизираните растителни масти и засилувачи на вкус.
Истражувањата докажаа дека жените кои консумираат големи количини инстант тестенини имаат поголем ризик од метаболички синдром во споредба со жените кои ги јадат поретко. А главен виновник е високата содржина на транс масти, додека високата концентрација на шеќер и сол ги оштетува клетките и ги поттикнува воспалителните процеси во организмот.
Овие симптоми се забележани кај жени кои јаделе тестенини двапати неделно. Додека жените кои умерено го консумираат ова топло мезе беа надвор од секаква опасност.