Дали знаете зошто ве болат колената?
Британските експерти наведуваат дека интернетот, канцелариските работни места и дебелината се главните виновници за се почеста појава на болки во колената.
Имено, новото британско истражување покажало дека повеќе од четвртина од вработените страдаат од болки во зглобовите на коленото.
„Бројот на луѓе кои се жалат на болки во коленото се зголемува.
Тоа е првенствено за луѓе кои работат канцелариска работа“, вели Сами Марго, портпарол на Здружението на физиотерапевти, додавајќи дека за време на неговата 26-годишна работа забележал дека доаѓањето на Интернетот значително придонесе за овој феномен.
Луѓето кои работат во канцеларија имаат тенденција да ги прекрстуваат нозете или да ги држат во непријатна положба, што доведува до болка на долг рок.
Вишокот килограми е исто така еден од важните фактори кои влијаат на појавата на болки во колената.
„Ако нивото на дебелина продолжи да расте, бројот на луѓе на кои им е потребна операција на коленото ќе експлодира“, предупреди ортопедскиот хирург Ронан БАНИМ.
“Зглобовите на коленото се буквално згмечени под тежината. Вишокот тежина врши постојан притисок врз зглобовите. Болката во колената нема да ве убие, но може да ве осакати.
А ако болката не се лекува, може сериозно да го загрози квалитетот на животот, “, изјави овој британски експерт.