Дома Психолошки совети Дали знаете дека постојат 4 типа на осаменост? Еве како да се...

Дали знаете дека постојат 4 типа на осаменост? Еве како да се справите со секој од нив

817
0

Еден од најлесните начини за надминување на осаменоста се видео повиците со пријателите и семејството, но ова нема да излечи речиси секој вид на осаменост.

Имено, британската психолог Беки Спелман за магазинот Stylist открила дека постојат четири различни типови на осаменост, од кои некои се посериозни од другите, а освен што ги опишала, дала и совети како да се справите со секој од нив.

Емоционална осаменост

„Емоционалната осаменост не зависи толку од околностите колку од самата личност“, вели Спелман, објаснувајќи дека во овој случај е неопходно да се дојде до вистинскиот извор на проблемот, а за тоа препорачува да се оди на терапија.

„Разговорот со експерт може да му помогне на човекот да разбере зошто се чувствува осамено, а откривањето на вистинскиот проблем ќе помогне да се надминат таквите чувства“, вели психологот.

Ситуациона осаменост

„Ситуациската осаменост може да биде предизвикана од околностите во кои е тешко да се создаваат нови пријателства“, вели психологот, наведувајќи го како пример одењето на студирање или работа во странство. Ситуациската осаменост е честа и кај мајките (или татковците) кои не работат поради нивните деца и кај лицата со ментална и интелектуална попреченост.

Самата Спелман се соочила со ситуациона осаменост кога се преселила во Дубаи. Иако признала дека на почетокот и било тешко, осаменоста ја победила со тоа што решила да стане поотворена за нови можности и познанства, а ги советува и другите кои се наоѓаат во иста ситуација.

Социјална осаменост

Со социјалната осаменост најчесто се соочуваат луѓе кои поради срамежливост или ниска самодоверба не знаат како да се однесуваат во социјални ситуации“, вели психологот.

Овде тој предлага различни пристапи за помош, во зависност од изворот на проблемот.

„На пример, ако социјалната осаменост е резултат на ниската самодоверба, обидете се со поинаков начин на дружење, како на пример да запознавате нови луѓе онлајн“, предлага Спелман. полесно да се ослободите од нив. Сè уште ќе треба да бидете трпеливи за ова додека не заврши изолацијата.

Хронична осаменост

„Хроничната осаменост е термин кој се користи за опишување на луѓе кои биле осамени толку долго што станало нивен начин на живот“, објаснува Спелман, додавајќи дека најтешко е да се справите со овој тип на осаменост.

Психологот вели дека хроничната осаменост најчесто е несакан ефект на околностите, како што е самоизолацијата, но за разлика од ситуационата осаменост, таа може да трае многу подолго, дури и до крајот на животот.

Со овој тип на осаменост најчесто се соочуваат старите луѓе чии најголем број пријатели починале и луѓе кои се оддалечиле од своето општество поради партнерот или поради некоја друга причина.

„Најдобар начин да се справите со хроничната осаменост е, за почеток, да си признаете себеси дека сте во таква ситуација, а потоа да побарате помош. Запомнете дека секој заслужува пријатели, вклучително и вие “, советува психологот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име