Дома Психолошки совети Дали заборавате? Еве осум можни причини

Дали заборавате? Еве осум можни причини

990
0

Човечкиот мозок подредува, складира и обновува по потреба мноштво информации што ги апсорбираме на дневна основа. Не е ни чудо што повремено се случуваат „грешки“ што нè тераат да заборавиме на некои работи со кои сме наишле.

Ситуацијата станува загрижувачка дури кога таквите „епизоди на заборав“ ќе почнат често да се повторуваат.
Постојат осум причини кои можат да предизвикаат вашата меморија да се влоши во последно време, пишува Times of India

1) Постојаниот стрес или анксиозност може да предизвика мозокот да се чувствува уморен, што го отежнува фокусирањето и грижата за секојдневните задачи.
2) Хроничната депресија е поврзана со когнитивно оштетување, така што оние кои се борат со овој проблем може да имаат послаба меморија.
3) Лошиот квалитет на спиење може значително да влијае на вашата меморија. Спиењето помага во подмладување на умот и ја зајакнува будноста.
4) Одредени лекови, како што се антидепресиви или лекови против анксиозност, кога се земаат непрекинато, исто така може да им наштетат на проблемите со меморијата.
5) Повредите на главата можат да бидат уште една причина за почесто да ги заборавите работите, поради што е важно таквите повреди предизвикани во спорт или несреќа да бидат соодветно третирани.
6) Промените во нивото на хормоните поврзани со менопаузата може да доведат до промени во расположението и проблеми со спиењето, а понекогаш дури и да влијаат на меморијата.
7) Недоволното внесување на одредени супстанции, како што се витамин Б1 или Б12, исто така може да придонесе за оштетување на меморијата. Затоа се препорачува да јадете храна богата со хранливи материи бидејќи може да го зајакне здравјето на вашиот мозок.
8) Прекумерното внесување алкохол го успорува централниот нервен систем и може да остави последици врз меморијата со текот на времето.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име