Дома Здравје Дали водата навистина е корисна за слабеење?

Дали водата навистина е корисна за слабеење?

510
0

Едно истражување тврди дека водата ни помага да јадеме помалку. Дали навистина можеме да изгубиме тежина ако пиеме многу вода?

Според студијата објавена во Journal of Human Nutrition and Dietetics, пиењето многу вода е поврзано со потрошувачката на помалку калории, понизок шеќер и холестерол, како и помал внес на сол, пренесува Geek.

Научниците од Универзитетот во Илиноис анализирале податоци од повеќе од 18.000 возрасни луѓе за сè што рекле дека јаделе и пиеле во текот на 10 дена.

Количината на вода од поединец до поединец не се разликуваше многу. Откриено е дека зголемувањето на дневната потрошувачка на вода помеѓу 1 и 3 чаши корелира со намалување на вкупниот дневен внес на енергија за 69 до 206 калории. 206 калории за 17 дена претставуваат половина килограм масти. Намален е и внесот на шеќер помеѓу 6 и 8 грама, натриум помеѓу 78 и 235 милиграми и холестерол помеѓу 7 и 21 грам.

„Постојат две причини зошто водата може да ги направи луѓето повоздржани во нивното јадење“, вели водечкиот автор на студијата Руопенг Ан.

„Прво, ефектот на супституција – луѓето пијат вода наместо слатки пијалоци. Второ, можеби се чувствуваат задоволни со полн стомак со вода, па не јадат толку многу грицки“, објаснува тој.

Претходните истражувања главно беа поделени за тоа дали водата помага во слабеењето. Џенифер Кук, професорка по кинезиологија на Универзитетот Јорк во Канада, смета дека има одредена вистина во фактот дека пиењето вода може да ја намали потребата за калории со полнење на желудникот. Но, на крајот стомакот повторно ќе се истегне, пренесува Geek.

Претходна објаваДали одложувањето на алармот е штетно за здравјето?
Следна објаваШто значат белите дамки на ноктите?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име