Дома Психолошки совети Дали ви треба нешто брзо да се смирите? Експертите предлагаат седум супер...

Дали ви треба нешто брзо да се смирите? Експертите предлагаат седум супер трикови

488
0

Животниот стрес и ситуациите во кои понекогаш секој ден се наоѓаат многумина се главниот предизвикувач за низа проблеми и болести, па неизбежно е секому да му треба нешто за смирување.

Не мислиме на апчиња, туку на некои мали трикови со кои за кратко време ќе се чувствувате подобро. Прочитајте ги малите техники за релаксација кои се одобрени од експерти:

7 седум супер смирувачки трикови:

Пиење чај

Иако звучи бесмислено, Тијана Лидс, LMFT, лиценциран терапевт за брак и семејство за mbg истакнува дека пиењето топол чај е еден од лесните начини да ги вклучите сите ваши сетила, да спуштите и да се смирите. Дополнителен ефект дава доколку пиете билен чај и внимавате на неговата топлина, вкус и мирис.

Масирајте се и користете етерични масла

Сетилата можете да ги поттикнете и со масажа, а посебен ефект ќе ви даде рачната масажа со лосион или масло од лаванда или јасмин. Освен тоа, истражувањата покажаа дека употребата на есенцијални масла може да помогне во ослободувањето од стресот, затоа секогаш имајте го омиленото во вашата чанта и вдишете го доколку е потребно или ставете неколку капки на вашата кошула.

Прегратка

Прегратката е нешто со кое не можете да погрешите, а ако секогаш имате некого околу вас за гушкање – сметајте се себеси за многу среќна личност. Гушкањето, најмалку 20 секунди или повеќе, е одличен начин да се смирите и да го ослободите вашиот нервен систем до окситоцин, хормонот на љубовта и припадноста.

Движење

Сите го знаете тоа, а д-р Холи Ричмонд, психолог, истакнува дека е важно да се потпрете на вашето тело како ефикасно средство за борба против стресот – без разлика дали тоа е само џогирање, возење велосипед. Се што ти одговара е добро и нема ништо лошо.

Размислете

Предизвикајте се да направите мал квиз за себе. Зборувајте со себе или запишете ги работите што почнуваат со А, Б, Ц и така натаму. Можете да го направите ова со категории како храна, имиња, земји, животни… Овој вид на игра е одлична за смирување и одвлекување на мислите.

Броeње наназад за седум

Еден начин на кој можете да го вежбате мозокот е броењето наназад за седум од 100. Ова е уште еден начин да го фокусирате мозокот на нешто што не се заснова на емоции, а оваа едноставна вежба ќе ви помогне да се вратите на логично и посмирено размислување. Бидејќи, како што истакнува Лидс, кога сте преплавени со емоции, потешко е да го искористите делот од мозокот задолжен за логика.

Туширајте се со ладен или топол туш

Туширањето со топла или ладна вода ќе ви помогне повеќе да го ангажирате вашето тело и помалку да ги окупирате мислите. Познато е и дека „криотерапијата“, попозната како ладна терапија, помага да се држи под контрола воспалението и го ублажува стресот.

Претходна објаваНе можете да заспиете? Овие намирници би можеле да ви помогнат
Следна објаваДали хималајската сол е навистина подобра од обичната?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име