ГРЧКИ ГОВАЧ ОТКРИ КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ НАЈДОБРИОТ ПЕКАРСКИ КОМПИР: Тајната е во само една состојка, а сите ќе бидат воодушевени кога ќе го направите!
Печените компири се одличен избор кога станува збор за поголеми семејни и социјални собири.
Направете ги најкрцкавите и највкусните печени компири со овој генијален рецепт на грчкиот готвач Акис Петрецикис.
Тој открива тајна состојка на која веројатно никогаш не сте помислиле при подготовката на ова јадење.
Состојки:
1 кг компири
два лимони
1,5 литри вода
2 лажици оригано или мајчина душица
2 чешниња лук
75 мл маслиново масло
3 лажици гриз (ова е тајната состојка!)
сол, бибер, црвен пипер во прав
Како се подготвува?
- Компирите се лупат и се сечат на четири дела (во зависност од големината, доколку се помали, може и да се преполоват). Поделете го секое исечено парче компир за да се готви подобро и да изгледа подобро.
- Во тенџере ставете компири, исцедете два лимона, додадете малку рендана кора од лимон што добро сте ја измиле, додадете 1,5 литар вода и варете. Кога ќе зоврие, варете уште 10 минути.
- Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени и во неа ставете празен сад за печење.
- По 10 минути процедете ги компирите и оставете ги малку да се изладат (5 минути) во посебен сад.
- Во садот со компирите додадете маслиново масло, оригано (или мајчина душица), сечкан лук, мелен пипер, сол, бибер и гриз. Измешајте сè добро и ставете го на топол сад за печење