Дома Your Chef Греан џин – ќе ве освои!

Греан џин – ќе ве освои!

580
0

Сите знаеме да подготвуваме греено вино, ајде да научете да подготвуваме топол џин.
Омилен пијалок кога ќе дојдат празниците, студените зимски денови и кога ќе заврне снег е вареното вино. Ништо не може да нè загрее подобро од тој пијалок кога ќе се вратиме дома, а надвор е многу ладно надвор. Да не зборуваме за феноменалниот мирис.
Но, сега има уште еден пијалок што ќе ве воодушеви како вареното вино, а тоа е џинот. Топол џин измешан со сок од јаболко, цимет и ѓумбир ќе ве освои од првата голтка.

Состојки:
200 мл џин,
800 мл сок од јаболко,
50 гр кафеав шеќер,
цеден сок од 1 портокал,
1 стапче цимет,
2 лажички рендан ѓумбир,

Подготовка:
Во сад загрејте го сокот од јаболко и пред да зоврие додадете ги сите состојки освен џинот. Исклучете го шпоретот, покријте го садот и оставете го 15 минути. Потоа процедете ја течноста и додадете го џинот. Сервирајте го пијалокот во чаши. Ако сакате во чашите додадете цветови анасон, кришки јаболко, кругови портокал или лимон.

Претходна објава5 хит јадења без кои не може да се замисли новогодишната ноќ!
Следна објаваДали знаете зошто децата веруваат во Дедо Мраз?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име