Готов за 5 минути: Чоколаден десерт без брашно
Десертите кои брзо се прават се доста популарни и сакани, а за следниот деликатес треба да одвоите само пет минути.
Состојки:
путер за подмачкување на тавата
225 грама темно чоколадо (70% какао)
225 мл слатка павлака
една четвртина од лажичка сол
какао
Подготовка:
Долгнавестиот калап намачкајте го со малку путер, па покријте го со хартија за печење за да помине по рабовите на плехот. Растопете го чоколадото на тивок оган. Во друга тава, со средна големина, загрејте ја слатката павлака на ниска температура. Кога кремот е добро загреан (жежок на допир), тргнете го од шпоретот и посолете. Измешајте го.
Додадете го чоколадото во кремот и нежно измешајте, додека целосно не се соединат сите состојки. Соединетата смеса префрлете ја вокалапот, покријте ја со пластична фолија и добро изладете.
Кога колачот ќе се излади, извадете го од калапот и оставете го да отстои десетина минути на собна температура. Посипете малку какао и исечете.