Дома Health ГЛУВАЧЕТО како ПРИРОДЕН ЧИСТАЧ! Сите придобивки од ова неверојатно растение! (РЕЦЕПТИ)

ГЛУВАЧЕТО како ПРИРОДЕН ЧИСТАЧ! Сите придобивки од ова неверојатно растение! (РЕЦЕПТИ)

320
0

ГЛУВАЧЕТО како ПРИРОДЕН ЧИСТАЧ! Сите придобивки од ова неверојатно растение! (РЕЦЕПТИ)
За да си ја вратите енергијата и виталноста, почестете се со шолја-две чај од глуварче, кој е вистинско средство за чистење на телото или направете смути… Уживајте!

Глуварчето (Taraxacum officinale) е многу повеќе од само диво цвеќе. За чистење на телото, можете да ги користите цветот, листовите и коренот на глуварчето. Оваа билка го подига и нивото на ензими одговорни за детоксикација. Неговите интензивни жолти цветови се богати со антиоксиданси и флавоноиди кои делуваат како средства за чистење на црниот дроб, а истовремено ги регенерираат вашите клетки. Генерално, глуварчето има бројни употреби кога станува збор за здравјето. Ова се некои од нив.


Детоксикација на црниот дроб
Глуварчето често се користи за чистење и детоксикација на црниот дроб. Неговите состојки го стимулираат производството на жолчката и помагаат во отстранувањето на токсините од телото.


Дигестивни проблеми
Глуварчето може да помогне при проблеми со варењето како надуеност, гасови и запек. Може да се користи како чај или тинктура.

Подгответе го чајот
Една лажичка сечкан корен од глуварче прелијте со 200 мл ладна вода, загрејте и оставете да врие пет минути и оставете да отстои 10 минути, па процедете. Пијте шолја чај три пати на ден пред јадење.
Доколку подготвувате чај од листови од глуварче, една лажичка чај прелијте со 200 мл зовриена вода. Покријте го садот и оставете го да отстои 15 минути. Процедете и пијте шолја чај три пати на ден.

Намалување на воспалението
Глуварчето има антиинфламаторни својства, па затоа може да се користи за намалување на воспалението во телото.

Регулирање на нивото на шеќер во крвта
Глуварчето може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта, што го прави корисен за луѓето кои страдаат од дијабетес.

Помага при губење на тежината
Глуварчето може да помогне доколку планирате да изгубите неколку килограми, бидејќи го стимулира метаболизмот и помага во исфрлање на вишокот течности од телото.

ВО АПРИЛ И МАЈ Е НЕГОВОТО ВРЕМЕ: Домашен сируп од глуварче, лековита суперхрана за која не треба да потрошите ни денар


Чистење на кожата
Глуварчето може да се користи и во козметиката, особено во производите за чистење на кожата, бидејќи помага да се отстранат нечистотиите и да се подобри здравјето на тенот.

Смути со глуварче
Состојки: шолја вода, шолја сечкани листови глуварче, банана, шолја свежи или замрзнати бобинки, шолја протеински прав (за подолго чувство на ситост, по желба), лажица мед, по желба, прстофат цимет.

Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте за да добиете убаво смути.

Претходна објаваДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА ВТОРНИК 4 АПРИЛ! Финансиска добивка ја следи Вагата, а еден знак ќе има многу лоша среќа во љубовта!
Следна објаваКАРДИОЛОГОТ ОТКРИВА КОГА ТРЕБА ИТНО ДА ОДИТЕ НА ЛЕКАР! Доколку го забележите овој симптом додека лежите на грб, вашето срце не е во ред

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име