Во знакот на пролетта: Облека во која ќе изгледате фантастично
Внесете пролетен здив во вашите нови комбинации
Одредени парчиња облека отсекогаш биле помодерни од другите, во зависност од сезоната. Ако вашата цел е да изгледате модерно, привлечно и елегантно оваа пролет, овие седум парчиња мора да ги имате во вашата гардероб.
Блуза со цветен дезен

Цветна блуза можете да носите во сите прилики, без разлика дали се работи за деловна, свечена или лежерна комбинација.
Панталони со висок струк

Овие панталони одговараат на секоја жена, без разлика на нејзината фигура. Тие можат да ви помогнат да изгледате послабо и повисоко, во зависност од моделот.
Балетанки

Зошто? Затоа што се неверојатно удобни и посакувани со повеќето комбинации, но и затоа што можете да ги носите кога ќе ви здосадат штиклите, а сепак да изгледате модерно, отмено и елегантно.
Тексас јакна

Тексас јакна ќе носите во текот на пролетта, но и за време на поладните летни вечери, како и наесен за време на сончевите денови. Тексас јакната е тренд кој никогаш не исчезнува.
Макси здолниште

Макси здолништето може да се носи од утро до вечер и во сите пригоди и многу лесно се комбинира со речиси сите останати парчиња облека и обувки.
Плисирано здолниште

Плисираното здолниште е многу удобно, одлично се комбинира со маици, блузи, кошули, а е еден од ретките модели на здолништа што може да се комбинираат со патики, а сепак да изгледа многу модерно.
Бела маица

Белата маица е сестрано парче облека кое е секогаш модерно и посакувано, а има толку многу варијации на темата на оваа популарна маичка: тркалезна или V-деколте, модел со џеб или А-линија. Изберете го според личниот афинитет.