ВКУСНО И ФИНО: ПЕЧЕНИ КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ
Сочните компири од рерната знаат да бидат толку вкусни што ги засенуваат сите јадења на масата. Еве како се подготвуваат:
Состојки:
8 компири
1 црвен кромид
5 лажици павлака
150 гр полномасно сирење Гауда
сол
свежо мелен пипер
Подготовка:
- Компирите се мијат и се варат со кора 20-30 минути (во зависност од големината на компирот). Во секој случај не смее да се превари бидејќи тогаш тешко ќе се издупчи и ќе се распадне.
- Со лажица извадете го центарот на компирот, оставајќи половина сантиметар граница.
- На масло се пропржува ситно сечканиот кромид. Во сад измешајте го издлабениот дел од компирот, пржениот кромид, павлаката и околу 100 грама рендано сирење. Зачинете со сол и бибер.
- Со смесата наполнете ги издлабените компири, ставете ги на хартија за печење во поголем плех, посипете ги со остатокот од сирењето и по желба во секое парче притиснете парчиња печурки или друг зеленчук.
- Се пече во рерна на 200 степени околу 20-30 минути додека компирот не добие убава жолтеникава боја.