Дома Твој Готвач Вкусен колач од моркови без јајца и млеко(посно)…

Вкусен колач од моркови без јајца и млеко(посно)…

305
0

Вкусен и сочен колач од моркови подготвен на вегански начин, без јајца и млеко, идеален и за тековниот пост.

Време на подготовка: до 20 мин
Број на порции: 4
Тешкотија во подготовката: Средна
Калории по лице: 627

Состојки:
250 гр моркови,
70 гр шеќер,
100 мл растително масло,
60 мл сок од портокал (природен свеж),
2 лажички кора од портокал,
125 гр полу бело пченично брашно,
1 лажичка цимет мелен,
1 лажичка прашок за пециво,
1 прстофат сода бикарбона,
1 прстофат сол,
60 гр ореви, сурови,
За глазурата,
0,50 чаша шеќер во прав,
1,50 лажици сок од портокал (природен свеж),
0,50 лажичка екстракт од ванила,

Подготовка:

Излупете и ситно изрендајте го морковот и измешајте го со шеќер, масло, сок од портокал и изрендана кора од портокал.
Во посебен сад добро измешајте ги брашното, циметот, прашокот за пециво, сода бикарбоната и солта.
Малку запечете ги оревите во сува тава, а откако ќе се оладат исечкајте ги на помали парчиња.
Мешајте ја течната смеса во мешавината на суви состојки и измешајте ги колку што може да се соединат состојките. Потоа додадете ги и сецканите запечени ореви.
Истурете ја добиената смеса во плех обложен со мрсна хартија и печете на 180 ° C 30-40 минути.
Додека колачот се пече, подгответе ја глазурата изматете го сокот од портокал и екстрактот од ванила во шеќерот во прав со жица за матење.
Кога колачот малку ќе се излади, прелијте го со глазурата.

Претходна објаваИнтересни факти за пролетта на првиот ден на пролетта…
Следна објаваСветски ден на лицата со Даунов синдром…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име