Дома Живот Ви кажуваме совети како да се претворите во утрински тип на личност…

Ви кажуваме совети како да се претворите во утрински тип на личност…

600
0


Важно е да имате вечерна рутина, а ако планирате да заспиете на време – оставете го вашиот мобилен телефон! Ви кажуваме повеќе предлози за полесно утро
За да се разбудите порано наутро без никакви проблеми , треба да заспиете на „вистинскиот начин“. Тоа не значи дека треба да легнете рано, но само направете распоред. Значи, подгответе појадок колку што можете, барем дел подгответе од вечерта, спремете си ја облеката за утрото.
Научниците велат дека е важно да се постават цели пред спиење . Да речеме, направивте ментален список со три работи што сакате да ги направите следниот ден. Лесно ќе заспиете и уште полесно и ќе се разбудите фокусирани на тоа. Нека бидат работи кои немаат никаква врска со работата, туку хоби или домашни работи . Не менувајте ја рутината.

Наместете го алармот!
Одвојте период од 30 дена за да се навикнете на порано станување. Значи, секој ден 24 дена по ред, поставете го алармот пет минути порано. Дотогаш, одете во кревет во 22 и ќе се разбудите во 6 без проблем.

Пред спиење не кликајте по социјалните мрежи!
Вашиот мобилен телефон веројатно служи и како аларм , па кога ќе го поставите, сигурно ќе кликнете на социјалните мрежи и ќе проверите што се случува. Не го правете тоа! Прво затоа што фотографиите и објавите ќе ги окупираат вашите мисли, и второ затоа што светлината на мобилниот телефон го стимулира мозокот и попречува да се одморите.

Вежбајте!
Додека многумина едвај имаат време за појадок наутро , можеби ќе сакате да вклучите малку време и за вежбање. Дури и кратка прошетка или малку истегнување е добро да се започне денот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име