Дома Здравје Витаминот К: Ја подобрува работата на срцето, квалитетот на коските, помага во...

Витаминот К: Ја подобрува работата на срцето, квалитетот на коските, помага во борбата против коронавирусот…

685
0

Страниците на светските списанија, особено во времето на пандемијата, се полни со набљудувања за придобивките од витаминот К. Сепак, знаете ли зошто е значаен неговиот внес?


Витаминот К игра клучна улога кога станува збор за згрутчување на крвта. К значи процес на коагулација или згрутчување и ги активира протеините потребни во процесите на згрутчување, помага во заздравувањето на раните и спречува прекумерно крварење.

Витаминот К1 ќе го најдете во зелениот зеленчук како спанаќот или брокулата, додека витаминот К2 најчесто го има во жолчките. Се тврди дека внесувањето на витамин К ја подобрува работата на срцето и квалитетот на коските.

Иако многу научници препорачуваат употреба на витамин К, не треба да се претерува со неговото внесување бидејќи превисоката концентрација на витамин К може да биде штетна за нашиот организам.

Исто така, една холандска студија покажа поврзаност помеѓу пациенти со потешки форми на коронавирус и недостаток на витамин К во телото.

Сепак, корелацијата не е причината. Дали витаминот К може да ги заштити пациентите од развој на потешка форма на белодробна болест, останува да се види доколку се направат детални истражувања

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име