Витамини Б6 и Б12 – Храна за еластични вени
Чувството на „тешки нозе“ поради проширени вени е присутно кај повеќето луѓе, но може да се реши, тврди виенскиот професор Хадемар Банкхофер, специјалист за исхрана.
Во телото треба да се внесат супстанции кои ги зајакнуваат ѕидовите на вените и венските залистоци кои ја изгубиле својата еластичност, поради што циркулацијата на крвта е отежната.
За да може сврзното ткиво на ѕидовите на вените да остане еластично, треба да се консумираат витамините Б6 и Б12 , кои се најзастапени во целосната храна, печурките и киселата зелка.
За вените да бидат силни, важни се амино киселините пролин и глицин, кои се наоѓаат во рибата, производите од соја и гравот.
За да може вените да останат млади, потребен им е колаген , а за телото да го произведе во доволна количина, потребен му е цинк. За таа цел, д-р Банкхофер препорачува конзумирање на пченка и корен зеленчук.
Вените ги зајакнува витаминот Ц , кој најмногу го има во киселото овошје, магдоносот и пиперките.