ВИСТИНСКИ ЛЕДЕНИ КОЦКИ: БРЗА ТОРТА, ИДЕАЛНА ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА (РЕЦЕПТ)
Ледените коцки се фина, сочна чоколадна кора со вкусен бел, млечен крем прекриен со чоколадо.
Состојки:
5 јајца
5 лажици брашно
5 лажици шеќер
1 лажица какао
700 мл млеко
250 гр шеќер
13 лажици брашно
250 гр маргарин
300 мл вода
150 гр шеќер
30 мл сок од лимон
150 гр чоколадо
Подготовка:
Кора: се матат 5 јајца со 5 лажици шеќер и 5 лажици брашно и се додава 1 лажица какао. Се соединува и се пече патишпањот. Печете прво на 180 степени околу 10 минути и уште 5 минути на 220 степени.
Фил: сварете 700 мл млеко со 250 гр шеќер и додадете 13 лажици брашно. Гответе како пудинг. Во изладениот фил додадете го маргаринот маргарин и изматете го кремот додека не стане пенест.
Прелив: зовријте 300 мл вода со 150 гр шеќер и додадете го сокот од еден лимон.
Прелијте го преливот врз кората и премачкајте со крем. Над сè ставете ја чоколадната глазура.
Глазура: растопете 150 гр чоколадо со 2 лажици млеко и една лажица масло.