Дома Health Висок холестерол: Две промени во косата може да бидат предупредувачки знаци

Висок холестерол: Две промени во косата може да бидат предупредувачки знаци

687
0

Висок холестерол: Две промени во косата може да бидат предупредувачки знаци

Холестеролот е неопходен за одржување на правилното функционирање на клетките и органите во нашето тело. Тој игра важна улога во производството на хормони, витамини и дигестивни течности. Сепак, екстремно високото ниво на холестерол може да доведе до загрижувачки здравствени проблеми, предупредуваат лекарите. Промените во нашата коса се еден од првите знаци на покачен холестерол, првенствено предизвикан од нездравата исхрана, пренесува India Times.

Истражувачите од Џонс Хопкинс спровеле студија на глувци и откриле дека исхраната богата со холестерол може да доведе до предвремено побелување и опаѓање на косата, што би значело дека овие две промени се првите симптоми на висок холестерол. Студијата беше објавена во списанието Nature Scientific Reports . За истражувачки цели, глувците биле поделени во две групи – едната била на здрава исхрана, а другата била на диета базирана исклучиво на масти и друга храна која го зголемува нивото на холестерол.

Истражувачите откриле дека глувците на диета богата со маснотии набрзо почнале да го губат своето крзно, а крзното, исто така, изгледало дека побелува. Глувците не биле постари од 12 недели на почетокот на студијата. На возраст од 36 недели, 75 проценти од глувците на диета богата со маснотии страдале од сериозно опаѓање на косата.

„Нашите наоди јасно ни покажуваат дека западната исхрана предизвикува опаѓање на косата и нејзино избелување кај глувците, а исто така веруваме дека сличен процес се случува и кај мажите кои одеднаш ја губат косата или имаат седа коса кога имаат покачен холестерол“, објаснуваат научниците.

Претходна објаваЕден ЗАЧИН може да направи промени со ЦРНИОТ ДРОБ:
Следна објаваОва се цитатите кои го опишуваат вашиот хороскопски знак!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име