Дома Здравје Вински оцет дел од народната медицина

Вински оцет дел од народната медицина

278
0

Винскиот оцет е познат низ Медитеранот уште од античко време како прелив за салата, но и како народен лек за дезинфекција на рани и многу други здравствени проблеми.

Винскиот оцет најчесто се прави од црвено вино, а колку е подобро виното, толку и оцетот ќе биде подобар. Содржи калциум, магнезиум, калиум, фосфор, железо и бакар.

Познато е дека одредени количини црвено вино поволно делуваат на кардиоваскуларниот систем. Заштитното дејство на виното врз кардиоваскуларниот систем се припишува на супстанцијата наречена ресвератрол, која се наоѓа во црното грозје.

Оваа фитохемикалија има силно антиоксидативно дејство, а воедно е и носител на бојата на виното. Истата фитохемикалија се наоѓа и во винскиот оцет.

Винскиот оцет се користи како зачин и конзерванс, а во народната медицина е познат и по своето антисептично и антиинфламаторно дејство. Познато е дека винскиот оцет има антибактериско дејство, во зависност од концентрацијата.

Од античко време, винскиот оцет е познат во народната медицина како средство за плакнење рани, дезинфекција на исекотини, за лапа за испакнатини и модринки, дезинфекција на кожата, за воспаленија и покачена температура, за плакнење на усната шуплина и за вдишување при настинки.

Претходна објаваЧУДО ВО БРАЗИЛ, МЕДИЦИНСКИ ФЕНОМЕН: ЕДНАШ ВО МИЛИОН СЛУЧАИ…
Следна објаваЗошто луѓето сакаат да озборуваат?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име