Првата ноќ во 2023 година беше соборен Гинисовиот рекорд за огномет, во Обединетите Арапски Емирати.
Вкупно 600 беспилотни летала соборија две титули од Гинисовата книга на рекорди: најголем број контролирани дронови со симултан огномет и најголема порака формирана во воздухот од дронови.
Пиротехничките дронови летаа на висина од 1.100 метри и активираа огномет 12 минути, покривајќи површина од 4,7 километри од островот Ал Марјан до Ал Хамра во Рас Ал Хаима, Обединетите Арапски Емирати.